• Зоран Мишевски

Последниот натпревар од првото коло на Втората фудбалска лига (ВМФЛ) помеѓу Пелистер и Кајмане заврши без победник (1-1). Дебитантот беше блиску до сензација, но во финишот прими гол и дуелот заврши со поделба на пленот.
Гостите од Камењане поведоа со голот на Трпески во 31. минута од средбата. Следеше доминација без реализација на битолчани. Пелистер упати дури петнаесет шута кон противничкиот гол, но долго не успеваше да го израмни резултатот..
Спас стигна во последен час, откако повратникот Мартин Мирчевски постигна гол од пенал во 85. минута, спасувајќи ги домаќините од сензационален пораз на домашен терен.
Во следното второ коло Пелистер ја пречекува Брера, а Камјане на домашен терен игра со Осогово.





