Мирчевски: Ништо не е однапред готово, со максимум до победа над Шкупи

Фудбалерите на Силекс бркаат враќање на победничките патеки во ПМФЛ, а шансата за такво нешто ќе биде домашниот натпревар со „фенерџијата“ Шкупи

Кратовчани по поразот од Вардар и ремито со Брера имаат шанса да впишат три бода, ама не се залетуваат. Мартин Мирчевски нагласи дека целта е враќање на победите, ама има максимален респект кон Шкупи.

„Го респектираме Шкупи, но очекувањата се дека ќе го добиеме натпреварот, со оглед на тоа во каква ситуација е нашиот противник. Но, не треба да се опуштиме дека предвреме е завршено. Треба секој играч да го даде максимумот и да одиграме како што го играме секој натпревар. Добро ќе биде да освоиме три бода, за да ја подигнеме атмосферата, и да фатиме победнички ритам после два натпревари без победа“, изјави Мирчевски.

Шкупи е апсолутен аутсајдер на средбата во Кратово, досега има едно реми и дури десет порази и е единствениот без победа во ПМФЛ.