Мирчевски на пат кон „Грбавица“, ќе игра заедно со Матеј Цветаноски

Железничар од Сараево веројатно ќе биде новиот клуб на македонскиот интернационалец, 27-годишниот Мартин Мирчевски. Битолчанецот е на пат за „Грбавица“, каде веќе игра еден македонски напаѓач - Матеј Цветаноски

Мирчевски играше за младинските репрезентации на Македонија, а последниот ангажман му беше во Србија во тимот на ТСЦ Бачка Топола. Најголемиот дел од кариерата Мирчевски го мина во македонските клубови, а играше за Брера, Вардар, Беласица, матичниот Пелистер, а беше и во Косово во тимот на Трепча.

Во српската Суперлига одигра 28 натпревари, постигна девет гола и забележа три асистенции, додека во Првата лига на Македонија запиша 90 натпревари, постигна 27 гола и забележа девет асистенции.

Македонскиот напаѓач во наредните денови треба да му се приклучи на Железничар.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.