Мирчевски им се придружи на Гуцев и Бујчевски во Трепча

Младиот 21-годишен плејмејкер, Мартин Мирчевски ќе ја зголеми македонската колонија во Косово, откако потпиша договор со Трепча до крајот на сезоната. Битолчанецот им се придружи на Гуцев и Бујчевски, кои минатата недела го ставија потписот на договорот со овој амбициозен проект.

Мирчевски е продукт на школата на Пелистер, но не доби многу шанси во матичниот клуб, па настапуваше за Победа и Беласица. За селекцијата до 17 и 19 години Мирчевски беше незаменлив член. 

Трепча минатата сезона заврши на четвртото место со 14 бода помалку од шампионот Дрита од Гњилане.