• Горан Упале


Првиот круг е завршен, а Партизан е лидер на табелата. Има дури шест бода повеќе од второпласираната Црвена Звезда, што е сценарио кое малку кој можеше да го предвиди летово кога почна новата сезона на Mozzart Bet Суперлигата. Овој викенд стартува втората етапа на натпреварувањето и веднаш на стартот дерби во кое „црно-белите“ го дочекуваат ТСЦ, единствената екипа која досега не ја победија.
А и неа можеа, бидејќи до завршните секунди водеа со 3-2 во Бачка Топола, па наместо три освоија само бод. Потоа славеа на тринаесет натпревари во низа во првенството, имаат 40 од потенцијални 42 бода и тоа е учинок кој ги надмина очекувањата на јавноста. Воедно и ги разбуди надежите на навивачите дека можат до титула, но ако не биде ништо од неа, втората минимална цел е пласман во квалификациите за Лигата на шампионите. Токму поради тоа саботниот дуел е важен, бидејќи би му побегнале на третопласираниот ТСЦ на 17 бода. Практично, веќе викендов момците на Игор Дуљај можат да навестат учество во квалификациите за редизајнираното елитно натпреварување.
Сите квоти во МОZZART за натпреварот Партизан - ТСЦ
„Парниот ваљак“ ги доби сите натпревари дома во Mozzart Bet Суперлигата, последната со голот на Михаил Илиќ во продолжението против Чукарички. Инаку дома не знаат за пораз осум месеци, колку што минаа од последното потклекнување против Радник (0-1) и затоа се фаворит. Ако ништо друго, барем благ, иако ќе играат без првиот стрелец Матеус Салдања, кој е суспендиран поради картони.
ТСЦ доаѓа во Белград по само една победа во последните дванаесет натпревари, сметајќи ги сите натпреварувања. Тие ја плаќаат цената на учеството во Европа, тоа најдобро се виде во минатото коло бидејќи неколку денови по поразот од Фрајбург (0-5), загуби и од Војводина (1-2). Во досегашните единаесет натпреварувачки средби на Партизан и ТСЦ, седум пати се радуваа „црно-белите“ со четири реми исходи.