ВИДЕО: Мирчевски и Митевски ја срушија Саса, „шестка“ за Брегалница, минималец за Тиквеш во Кочани!

Екипата на Беласица продолжува со перфектните игри во новата сезона на Втората македонска фудбалска лига-Исток, откако попладнево ја запиша својата трета победа од исто толку натпревари и заедно со Брегалница го делат лидерското место на табелата.

Тимот од Струмица не доминираше како на претходните два натпревари против Кит-Го и Победа, но одигра онолку колку беше потребно за нови три бода на своето конто и со 2-1 славеше над Саса Каменица. Стрелци на головите за Беласица беа Митевски во првиот и Мирчевски во вториот дел. 

По убедливата победа над Осогово пред својата публика, фудбалерите на Брегалница одиграа уште еден квалитетен натпревар и со головите на Стојанов, Манев, Ѓоргиев (два гола), Велинов и Наумов извојуваа убедлив триумф од 0-6 над тимот на Питу Гули

Осогово и Тиквеш не го оправдаа епитетот на дерби на колото, затоа што дуелот во Кочани беше решен со само еден гол и тоа во домашната мрежа, за конечна победа на кавадарчани од 0-1. Творец на значајната победа на Тиквеш беше Тоше Делов во вториот дел од дуелот.

Од денешната програма од третото коло, Плачковица одигра 1-1 против Кит-Го, додека Кожув со 2-1 славеше на мечот со Победа.