• Иван Димовски

Мартин Мирчевски уште еднаш се покажа дека е вистински „џокер“ за ТСЦ Бачка Топола, овојпат во поразот против Партизан (2-3). Македонскиот офанзивец беше резервист и го постигна шестиот сезонски погодок, по само десет минути на теренот против гигантот од Белград.
Течеше 70. минута кога Мирчевски влезе во игра, по само пет доби жолт картон, а веќе во 80. стрелаше за израмнување. Македонецот доби топка од десно, па ја смести во поблискиот агол за 2-2.
Сепак, Партизан со голот на Урошевиќ во продолжението дојде до трите бода, па погодокот на Мирчевски не беше спасоносен. Инаку, македонскиот интернационалец е израмнет на врвот меѓу стрелците на ТСЦ со шесте погодоци, ама впечатливо е што последните два ги дава како „џокер“.