• Горан Упале

Поранешната голема надеж на битолскиот фудбал, Мартин Мирчевски, ова лето се реши за интернационална кариера, и дресот на Беласица го промени со оној на Трепча 89, каде бележи одлични партии и веќе постигна четири гола.
Младиот офанзивец важи за специјалист за слободни удари, а тоа го докажа вчера на натпреварот против Фљамуртари. Мирчевски за само десет минути речиси од идентично место двапати го надмудри противничкиот чувар на мрежата, еднаш биејќи на неговата страна, а вториот пат мајсторски во горниот лев агол.
Мирчевски е изданок на школата на Пелистер, а покрај за Беласица, во Македонија настапуваше и за Победа. Како младинец беше дел од селекциите до 17 и 19 години, но потоа не успеа да се избори за место меѓу репрезентатиците до 21 година.