Миралас пристигна во Фиренца, со Пјаца ќе го засили тимот на Пиоли

Кевин Миралас

Белгискиот фудбалер Кевин Миралас денес ги запозна новите соиграчи од Фиорентина, каде во новата сезона ќе настапува на позајмица од Евертон.

Ова не е ништо ново за офанзивецот кој вториот дел од минатата сезона го помина во грчки Олимпијакос. 

„Доаѓам во Фиорентина бидејќи се работи за голема екипа, а мојата сопруга е од Италија, па тоа ми ја олесни работата. Сакам да и помогнам на оваа екипа која е млада со моето искуство. Ми кажаа дека се работи на добар проект. Првиот ден помина добро, очекувам успеси во новата сезона“ , рече 30-годишниот Миралас.

Во редовите на клубот од Ливерпул притигна во 2012 година, а падот во формата му донесе помала минутажа и проблеми со придонесот во првата екипа.