ВИДЕО: Мир ја реши Селта и ја врати Севиља на победнички пат во Примера

Фудбалерите на Севиља експресно им се вратија на победите во Примера и направија нов исчекор кон врвот на табелата во шпанскиот шампионат.

На гостински терен „црвено-белите“ можеби не одиграа како што најдобро знаат, но сепак беше доволно за значајна победа против Селта, со минимални 0-1 (0-0). По мирниот и не така атрактивен прв дел, во кој двете екипи тактизираа и не презедоа поголем ризик, на стартот од вториот дел Јулен Лопетеги направи две замени и тоа веднаш вроди со плод.

  • Извештај од натпреварот: 

Во 54. минута првиот напаѓач на тимот, Рафа Мир се најде на вистинското место и погоди во мрежата на Селта, а токму неговиот погодок беше доволен за нови три бода на својот тим (0-1). Селта, пак, иако бркаше негатива повеќе од половина час, речиси и да не се закани посериозно и единствената шанса за израмнување ја имаше искусниот Нолито.

Со денешните три бода Севиља се искачи на третата позиција на табелата со три помалку од лидерот Реал Сосиедад, но и со еден натпревар помалку.

Состави

Eduardo Coudet

4-1-3-2

    Julen Lopetegui

    4-3-3