Миовски во напад на рекорд на Абердин стар скоро половина век

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски игра добро во дресот на Абердин, ја има сезоната на кариерата и до крајот ќе се обиде да дојде до импресивно достигнување кое е старо 45 години.

Миовски има 25 гола зад своето име во сите конкуренции оваа сезона, а кога последен пат играч завршил со 30+ гола во една сезона беше во 1978/79.

До крајот Абердин го чекаат уште три натпревари, па така Македонецот може да стане првиот играч кој дал 30+ гола во црвениот дрес по скоро половина век.

Последен играч кој дал 30+ гола е Џо Харпер, кој заврши со 32 гола.