• Горан Упале

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски е вистинско откритие во шкотската Премиер лигата оваа сезона. 23-годишниот напаѓач ова лето го засили тимот на Абердин и веднаш се наметна како водечка сила во нападот на својот нов тим.
На осум натпревари постигна шест гола и веќе е во фукосот на шкотската фудбалска јавност. Менаџерот на поранешниот шампион на Шкотска, Џим Гудвин, призна дека клубот се соочува со сериозен проблем, затоа што Миовски веќе е на радарот на неколку клубови.
„Миовски ќе биде прв напаѓач на Македонија и ќе се бориме да го задржиме. Луѓето веќе ги гледаат неговите настапи“, рече Гудвин.
Миовски со Абердин потпиша повеќегодишен договор, а наводно шкотскиот клуб на МТК му плати нешто повеќе од 500.000 евра.