ФОТО: Миовски во „дрим-тимот“ на сезоната во Шкотска!

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, игра одлична сезона во дресот на Абердин, и неговите голови во шкотскиот фудбал не остана незабележани.

Деветката на славниот шкотски клуб доби големо индивидуално признание и се најде во друштво на најдобрите фудбалери во Премиер лигата на Шкотска, поточно во најдобриот тим на сезоната во шкотската елита. 

Очекувано во „дрим-тимот“ најмногу фудбалери има од гигантите Глазгов и Селтик, а по еден има од Хартс, Абердин, Данди и Мадервил.

Миовски во моментов е трет стрелец во шкотското првенство со 14 голови и две асистенции.