Миовски: Влеговме во нивната игра, одговорноста е на сите фудбалери

Македонската фудбалска репрезентација го претрпе третиот пораз во Лигата на нации, откако вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ загуби од Шкотска со 0-2.

По натпреварот, напаѓачот Бојан Миовски посочи дека раниот гол влијаел врз текот на средбата, а Македонија не успеала да го наметне стилот на игра кој бил потребен против физички силниот противник.

„Примивме многу рано гол. Мислам дека тоа беше еден од клучните моменти. Шкотска е доста силна и физичка екипа. Требаше да играме повеќе со топка, да ги тераме да трчаат. За жал влеговме во нивната игра. Загубивме многу топки на средината на теренот и вакви селекции знаат да го казнат тоа. 

Не знам дали беше пенал или не, но примивме уште еден гол. Мислам дека треба да играме поофанзивно и да бидеме поопуштени во таа трета зона. Нормално, секој натпревар носи свој притисок. Треба да создадеме повеќе шанси за да постигнеме гол, а во фаза на одбрана треба сите да се браниме. Така сите заедно ја носиме одговорноста - од напаѓачите до одбраната“, рече Миовски.

Македонија по трите одиграни кола сè уште е без бод во групата, а следниот предизвик ќе биде гостувањето кај Швајцарија во Луцерн.

Состави

Гоце Седлоски

3-5-2

    Себастјан Покоњоли

    3-4-2-1