• Горан Упале
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски успешно ја заврши својата авантура во Шкотска и продолжува да напредува во кариера. Штипјанецот на 25 години ќе го оствари својот сон и ќе заигра во Лигата на шампионите, бидејќи неговиот трансфер во екипата на Џирона е завршена работа.
За утре се закажани задолжителните медицински прегледи, по кои нашиот голгетер ќе стави потпис на четиригодишен договор со хитот во Примера oд ланската сезона.
Првично се шпекулираше дека Џирона за потписот на Миовски ќе плати 8.1 милион евра, но шкотскиот клуб ќе добие нешто повеќе. Касата на Абердин од утре ќе биде побогата за 8.5 милиони евра.
Миовски пристигна во Абердин пред две сезони од унгарскиот МТК Будимпешта. Шкотскиот клуб одлично ќе заработи од неговиот трансфер, затоа што го доведе за само 615.000 евра. Во дресот на Абердин нашиот центарфор постигна вкупно 44 голови на 97 одиграни натпревари.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.