ВИДЕО: Миовски стрела со глава, Ренџерс го декласира Квинс Парк во Купот

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски со својот Ренџерс избори пласман во четвртфиналето од Купот на Шкотска, откако шкотскиот гигант на убедлив начин го декласираше Квинс Парк со високи 8-0.

Домаќините од самиот почеток ја наметнаа својата игра и целосно ја контролираа осминафиналната пресметка, не оставајќи никакви дилеми околу победникот. Ренџерс создаваше шанси во континуитет и со ефикасна реализација ја претвори доминацијата во убедлив триумф.

Миовски го одигра целиот натпревар и даде свој придонес во триумфот, постигнувајќи го седмиот погодок за својот тим во 80. минута. Нашиот голгетер стрелаше со глава за 7-0.

Со оваа убедлива победа, Ренџерс сигурно чекори кон завршницата на Купот на Шкотска, каде допрва почнуваат главните пресметки меѓу најдобрите тимови.