ВИДЕО: Миовски стигна во Шкотска и се стави на располагање на тренерот Гудвин

Бојан Миовски ја заврши потребната процедура, доби виза и отпатува во Шкотска, каде што и официјално ја задолжи опремата на Абердин. Штипјанецот веќе беше на подготовките во Шпанија, играше за клубот и постигна два погодоци, а сега се приклучува на останатите во тренинг базата. 

Абердин го откупи договорот на Миовски од МТК, репрезентативецот на Македонија е добро прифатен од колегите, но и фановите на славниот шкотски клуб. Миовски по добивањето на потребната документација пристигна во Шкотска и се стави на располагање на тренерот Џим Гудвин.

Минатата сезона во МТК на 31 натпревар Миовски постигна десет погодоци. Шанса за официјално деби за Абердин има веќе в недела, кога неговиот клуб ќе се судри со Рајт Роверс во Лига Купот.