Миовски со двата гола, во тимот на колото во шкотската Премиерлига!

Македонскиот репрезентативен напаѓач, Бојан Миовски одлично ја започна новата авантура во шкотската Премиерлига. Тој со Абердин овој викенд ја запиша првата победа и тоа убедлива против Сент Мирен (4-1). 

<<< - ПОВРЗАНО - Миовски игра во топ-форма: Нови два гола во дресот на Абердин (ВИДЕО)

Миовски беше стрелец на два погодоци, погоди од пенал и од игра, со што ги одушеви фановите на „Питорди“. Со одличната партија против Сент Мирен, Миовски беше вклучен во најдобриот тим на втората рунда во Премиерлигата. Според оценувањето на угледниот „Whoscored.com“, штипјанецот беше најистакнат напаѓач во ова коло. Нему друштво од Абердин му правеше Кларксон, кој беше стрелец на ефектен гол. 

Нова шанса за докажување во шкотската елита, Миовски ќе има веќе овој викенд. Абердин во третото коло ќе го дочека Мадервел на свој терен, што е можност за нови бодови.