• Горан Упале
Македонскиот фудбалски ас Бојан Миовски се закити со уште едно индивидуално признание во Шпанија. Откако пред две седмици беше избран во најдобриот тим на колото во Примера, и тоа со втора најдобра оценка, сега се најде во идеалниот состав на месец ноември во шпанската елита.
Миовски постигна два гола и запиша уште една асистенција во триумфот на Џирона над Еспањол и тоа беше доволно да биде избран меѓу најдобрите во Шпанија за изминатиов месец. Џирона во ноември запиша три победи и едно реми, па затоа во „дрим-тимот“ се најдоа уште тројца соиграчи на нашиот напаѓач - Хил, Мартинез и Гутиерез.
La Liga Team of the Month pic.twitter.com/3ORNfiEQbE
— WhoScored.com (@WhoScored) December 2, 2024
Покрај нив во тимот на месецот имаше место и за Рафиња и Дани Олмо од Барса, Будимир од Осасуна, Ленгле од Атлетико Мадрид, Агуерд од Реал Сосиедад...