Миовски: Сакам петнаесет гола и ТОП-4 во деби-сезоната во МТК

Македонскиот репрезетантивец Бојан Миовски ја напушти Ренова и се пресели во Унгарија каде ќе го носи дресот на МТК Будимпешта. Еден од подобрите играчи во ПМФЛ говореше за новиот предизвик и вели дека желба му е да постигне 15 гола во првата сезона.

„Го одбрав МТК затоа што е голем клуб и мислам дека ова е голем чекор за мене во кариерата. Можам да играм како шпиц, тоа ми е најдобра позиција, но можам да одговорам на повеќе позиции. Знам за унгарскиот шампионат дека се игра доста брзо и агресивно. Желба ми е да дадам 15 гола и да завршиме меѓу најдобрите четири екипи“, вели Миовски.

Покрај Бојан Миовски, во редовите на МТК од македонскиот шампионат се пресели и Себастијан Херера од Работнички. Двајцата ќе дебитираат во најдобриот унгарски шампионат каде МТК обезбеди промоција.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.