ВИДЕО: Миовски „решета“ мрежи во Шкотска, настрада и Мадервел

Бојан Миовски не престанува со постигнување голови, по трансферот во шкотски Абердин.

Македонскиот голгетер стрелаше и на денешната средба против Мадервел. Овојпат биеше со глава и донесе 1-1 за домашниот тим.

Одличната завршница му овозможи на младиот напаѓач да се израдува на третиот сезонски погодок во дресот на новата екипа. Првите два ги постигна пред една недела во победата против Сент Мирен со 4-1.