Миовски „против“ ѕвездите на Селтик и Ренџерс во изборот за фудбалер на годината во Шкотска!

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски, ја игра најдобрата сезона во својата кариера. 24-годишниот напаѓач е водечка сила на Абердин, досега постигна 25 погодоци во сите натпреварувања, собра неколку индивидуални признание, а сега е пред уште една голема награда.

Имено, Миовски се најде во најтесниот избор од четворица номинирани играчи, во изборот на Здружението на шкотските фудбалски новинари, за признанието „Фудбалер на Шкотска за 2024 година“.

Негови конкуренти за најголемото фудбалско признание во Шкотска се голманот на Глазгов Ренџерс, Џек Батланд, играчот од средниот ред на Селтик, Мет О’Рајли и напаѓачот на Хартс, Лоренс Шенкланд.

Освојувачот на оваа награда ќе биде објавен в недела на 19 мај. „Деветката“ на славниот шкотски клуб претходно се најде во дрим-тимот на сезоната во Премиер лигата, а беше и избран за најдобар фудбалер на Абердин во сезоната.