• Иван Димовски

Фудбалската репрезентација на Македонија го доби пријателскиот натпревар против Фарски Острови со 1-0 (0-0), во рамките на мартовскиот циклус натпревари. Македонците беа слободни во второто коло на квалификациите за Европското првенство, па го искористи просторот за тест дуел со Фараните.
По втората минимална победа во неколку дена, своето размислување го изнесе Бојан Миовски. Штипјанецот асистира во победата против Малта, а во вториот дуел против Фараните го даде голот за триумф.
„Среќен сум што добрата клупска форма ја префрлив и во националниот тим со асистенција со Малта и гол со Фарски Острови. Трите бода со Малта радуваат, тие мечеви се најтешки, затоа што тие селекции се бранат длабоко, а и домашниот терен ни прави проблем да играме брзо. Овој контролен дуел беше вистински тест за дебитантите и да се воиграме сите за она што ни следува во јуни за последни репрезентации. Одлично ги познавам новите играчи, ги примивме како што треба и имаме одлична хемија.
„Само ако имаме минутажа во клубовите може да им парираме на следните ривали, затоа што во следните два меча ќе ни биде потребна голема физичка подготвеност. Интензитетот ќе биде огромен на следните два дуели, ама ако играме во клубовите на ниво и да го префрлиме тоа во репрезентацијата, може да парираме со добра тимска игра“, заврши тој.
Македонија во јуни ја очекуваат два вистински предизвици. Прво во Скопје доаѓа селекцијата на Украина, а потоа избраниците на Благоја Милевски ѝ гостуваат на Англија на „Олд Трафорд“.