• Иван Димовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски имаше поништен гол за Ренџерс против својот поранешен клуб Аберден (4-1) во натпреварот од шкотската Премиер лига.
Иако влезе во игра во 86. минута од натпреварот, само пет подоцна штипјанецот со одмерен удар го пронајде патот до мрежата. Сепак, тогаш се јави ВАР собата и пронајде игра со рака во акцијата на Ренџерс и голот беше поништен.
Ова беше во најмала рака двојбено, бидејќи по играта со рака на еден од играчите на Ренџерс, дури шестмина имаа допир со топката пред Миовски да погоди.
Инаку, откако го даде голот и пред да биде поништен Бојан Миовски не прослави од почит кон поранешниот клуб.





