• Зоран Мишевски

По голот во македонската репрезентација против Молдавија, штипјанецот Бојан Миовски продолжи да тресе мрежи во својот клуб. Абердин запиша домашна победа против Рос Каунти со 2-1 во дуелот од 31. коло на шкотската Премиер лига.
Бојан Миовски ја прекина серијата од седум натпревари без гол во натпревар за бодови и погоди за својот четиринаесетти натпревар сезоната во шкотскиот шампионат. Македонскиот репрезентативец последен пат погоди против Глазгов Ренџерс на почетокот на февруари.
- Голот на Бојан Миовски против Рос Каунти:
Со овие три бода Абердин скокна до деветтото коло со 33 бода.