ВИДЕО: Миовски по осум меча им се врати на головите во шкотската елита

Македонскиот фудбалер Бојан Миовски постигна погодок за Абердин во натпреварот против Сент Мирен и така ја прекина лошата серија во шкотскиот премиерлигаш.

Осум меча немаше Миовски постигнато погодок во првенството, уште од дуелот против Данди во месец ноември. Сепак, на мечот против Сент Мирен погоди од белата точка за израмнување на 1-1.

Миовски е трет стрелец во шкотскиот шампионат со 13 гола.