• Мартин Танасковски
Македонскиот центарфор Бојан Миовски им се врати на головите во дресот на Глазгов Ренџерс, откако погоди на натпреварот против Анан Атлетик во Купот на Шкотска.
Центарфорот беше двоен стрелец во првото полувреме. Првиот гол Миовски го даде во 12. минута, додека вториот пристигна во 32. минута.
Напаѓачот се враќа во одличен ритам во дресот на Ренџерс по повредата која ја имаше и пак е еден од лидерите во нападот.

