• Мартин Танасковски

Екипата на Џирона ја оправда фаворитската улога и со победа над Лас Палмас (2-1) ја прекина кризата во шпанска Примера.
Тимот имаше два порази во низа, но против повратникот се вратија во колосек. На овој натпревар шанса за настап не доби македонскиот центарфор Бојан Миовски кој остана на клупата за резерви.
Што се однесува до дуелот, резултатот се отвори уште во 8. минута кога Руиз погоди за предност на домаќинот. Пред крајот на првиот дел Џирона можеше и до 2-0, ама истиот играч промаши пенал. Во второто полувреме, Колумбиецот Асприља зголеми, а Лас Палмас го намали поразот преку Силва пред финишот.
- Извештај од натпреварот:
Џирона е седма во Примера и следното коло гостува кај Билбао, а Лас Палмас ќе бара прекин на четирите меча без победа против Виљареал.