ВИДЕО: Миовски влезе во финишот, Џирона со десет играчи загуби од Хетафе

Екипата на Џирона доживеа нов пораз и загуби со минимални 1-2 (0-1) од Хетафе во натпреварот од 24. коло на шпанската Примера. За четата на нашиот Бојан Миовски ова беше втор неуспех во низа. 

Домашната публика доживеа шок уште во третата минута, откако Нигериецот Кристантус Уче ги доведе гостите во водство од 0-1, резултат кој воедно остана и на паузата. Џирона имаше две добри прилики за израмнување во првите 45 минути. 

Вториот дел донесе поголема возбуда, домаќинот бргу успеа да се врати во егал, а стрелец беше Јангел Ерера, кој израмни на 1-1 во 54. минута. Овој гол им даде крилја на играчите на Џирона и тргнаа во многу поголема офанзива, но потоа искусниот Борха Мајорал повторно ги врати гостите во водство и биеше во 63. минута. 

Проблемите на Џирона се зголемија кога стрелецот на голот Ерера доби црвен картон во 73. минута, па така поразот беше неизбежен и на крајот загуби со конечни 1-2. Нашиот Бојан Миовски беше на клупата за резерви и доби шанса дури во 94. минута.