Миовски од Глазгов се сели во Холандија и ќе игра во Лигата на шампиони?

Бојан Миовски би можел да го напушти Ренџерс во финишот на преодниот рок, а како негова можна следна дестинација се појави Феенорд.

Холандскиот клуб стапил во контакт со Ренџерс и се распрашал за условите под кои 27-годишниот македонски напаѓач би можел да пристигне на „Де Кујп“. Информацијата ја објавија повеќе медиуми, меѓу кои и „Скај Спортс“. 

Феенорд во Миовски гледа потенцијална замена за Ајаcе Уеда, кој замина во Лил. Како една од опциите се разгледува и позајмица, а според информациите од Шкотска, Ренџерс би бил отворен за таков исход.

Миовски пристигна во Глазгов минатото лето од Џирона и има договор со Ренџерс до 2029 година. Сепак, во моментов не е во преден план кај тренерот Дерек Мекинис, а неговата ситуација дополнително би можела да се влоши со доаѓањето на Кевин Келси.

Токму поради тоа, Ренџерс би можел да го пушти македонскиот репрезентативец на позајмица за да добие поголема минутажа и да се врати во посакуваниот ритам. 

За Миовски, преселбата во Феенорд би била интересна можност за нов почеток, особено ако во Ренџерс продолжи да има ограничена улога. Ако премине во холандскиот клуб, тоа значи дека повторно ќе има шанса да настапува во Лигата на шампионите. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.