• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски може да си замине од Глазгов Ренџерс ако во иднина не добие поголема улога во екипата, пишуваат медиумите од Шкотска.
Напаѓачот дојде меѓу „полицајците“ со цел да донесе повеќе голови во офанзивната линија, а неговото искуство во шкотската Премиер лига со Абердин се сметаше за значајна предност.
Сепак, според „Football Insider“ од Шкотска, Миовски би можел да размисли за заминување доколку продолжи да има маргинална улога во тимот предводен од тренерот Дани Рол.
26-годишниот напаѓач наводно е незадоволен од статусот во екипата, со оглед на тоа што Рол почесто им дава предност на Рајан Надери и Јусеф Шермити во почетниот состав.
Во 21 настап оваа сезона, Миовски постигна четири гола и забележа една асистенција.


