• Саше Љолес
Нашиот репрезентативен напаѓач, Бојан Миовски, е пред трансфер од шкотскиот Абердин и најверојатно ќе замине во редовите на Болоња, јавија медиумите на Островот.
Калчолигашот е во интензивни преговори со шкотскиот клуб, а тоа се потврдува и со фактот дека Миовски не беше во составот за првиот сезонски меч против Квин Оф Саут во Лига Купот. Тренерот Џими Телин изјави дека разговарал со голгетерот и заеднички одлучиле да не биде во тимот за да се спречат некои несакани повреди, па наскоро очекуваме и официјална потврда за трансферот на Македонецот.
Миовски е најдобар играч на Абердин и прв стрелец на тимот, минатата сезона одигра брилијантно и постигна 22 гола, па ова лето веројатно за него ќе заврши етапата во Шкотска. Доколку се пресели во Болоња, ќе има шанса да игра и во Лигата на шампионите, што секако ќе биде одлична можност за уште поголем прогрес во кариерата.