ВИДЕО: Миовски на клупа, Селтик по пенали го исфрли Ренџерс од ФА Купот!

Шкотските фудбалски великани, Глазгов Ренџерс и Селтик, се сретнаа вторпат во период од само седум дена, а овој пат се пресметаа во четвртфиналето на домашниот Куп, каде победата ја однесе Селтик, по подобро изведување пенали. 

  • Глазгов Ренџерс - Селтик 0-0 (2-4):

Натпреварот во регуларниот дел заврши со непопуларните 0-0, а истиот резултат остана и по двете продолженија од по половина час. Во пенал-серијата, „полицајците“ не реализираа двапати, а трагичари беа Џејмс Таверние и Џеиди Гасама, а на спротивната страна, ривалот ги погоди сите удари, на крајот триумфирајќи со конечни 2-4. 

Нашиот репрезентативец Бојан Миовски повторно беше на клупата за резервни фудбалери и не доби шанса да втрча на теренот. Селтик успеа да му „земе мерка“ на најголемиот ривал и се пласираше меѓу четирите најдобри екипи во шкотскиот Куп.