• Иван Димовски

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Бојан Миовски, продолжи да стрела во Шкотска Сега настрада големиот шкотски гигант, екипата на Ренџерс, откако штипјанецот погоди за водство на Абердин на паузата на „Ајброкс парк“ во полуфиналето на Лига купот.
Откако прво му беше поништен гол во 17. минута, македонскиот ас ја „поправи“ работата пред паузата. По една долга топка, Миовски беше во недозволена позиција, ама мудро ја испушти за Кенеди, втрча на пеналтикот, а соиграчот му ја врати и напаѓачот рутински стрела за 0-1.
За Абердин оваа сезона Миовски има 11 погодоци во првенството, додека денешниот му е прв во Лига Купот на Шкотска.