• Горан Упале
Македонскиот напаѓач Бојан Миовски повторно затресе мрежа на шкотски гигант. Членот на Абердин по само две минути игра против Селтик постигна гол за водство на својот тим од 1-0.
Bojan Miovski LOVES Hampden Park!
A dream start for @AberdeenFC as they take the lead against Celtic #ScottishCup pic.twitter.com/ePvLHsIF81
— Premier Sports (@PremSportsTV) April 20, 2024
Двете екипи на „Хемден Парк“ во Глазгов го играат полуфиналето од Шкотскиот Куп, и тимот на нашиот репрезентативец ќе проба оваа сезона да избори уште едно финале, откако претходно играше меч за титула во Лига Купот.
Во тоа финале славеше Глазгов Ренџерс со минимални 1-0. За Миовски денешниот погодок против Селтик е негов 25-ти овосезонски во сите натпреварувања.