ВИДЕО: Миовски мајсторски го постигна четвртиот гол во шкотскиот Премиершип!

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го постигна својот четврти сезонски гол во шкотскиот Премиершип, откако биеше за Глазгов Ренџерс на натпреварот против Килмарнок

„Полицајците“ беа големи фаворити во пресрет на мечот и го отворија резултатот во четвртата минута, откако Џејмс Таверние погоди за 1-0, а нашиот Миовски ја удвои предноста во 58. минута. 

За нашиот репрезентативен напаѓач ова е вкупно осми погодок во сите конкуренции.