ВИДЕО: Миовски лукаво го најави триумфот на МТК над Академија Пушкаш

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски се запиша во листата на стрелците за МТК во унгарскиот шампионат.

МТК како гостин славеше кај Академија Пушкаш (0-3), а македонскиот напаѓач го постигна првиот гол на средбата. Миовски погоди во 4. минута, откако лукаво во скок го измами противнчкиот голман.

  • Погодокот на Миовски за МТК:

За Миовски ова беше втор погодок во унгарскиот шампионат оваа сезона.