• Горан Упале
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски се реши за нов предизвик во кариерата. По одличните настапи во дресот на Абердин во претходната сезона, голем број клубови пројавиле интерес за потписот на одличниот напаѓач, а на крај таа среќа ја имаше шпанска Џирона.
Утринава, Миовски од аеродромот во Абердин летна по остварување на сонот, а тоа е потпис со ланскиот хит во Примера и настапи во Лигата на шампионите. За денес се закажани задолжителните медицински прегледи, по кои ќе следува и потписот на четири годишен договор. Џирона за овој трансфер на Абердин ќе му исплати 8.5 милиони евра.
Миовски пристигна во Абердин пред две сезони од унгарскиот МТК Будимпешта. Шкотскиот клуб одлично ќе заработи од неговиот трансфер, затоа што го доведе за само 615.000 евра. Во дресот на Абердин нашиот центарфор постигна вкупно 44 голови на 97 одиграни натпревари.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.