• Горан Упале
Многу веројатно наскоро ќе заврши трансфер-сагата на нашиот најдобар напаѓач Бојан Миовски. Барем така тврди шпански „Мундо Депортиво“. Според елитниот медиум деветката на Македонија наскоро треба да стане нов член на Џирона, клуб кој во новата сезона ќе се натпреварува во Лигата на шампионите.
По заминувањето на Артем Довбик, токму Миовски ќе биде фудбалерот кој што ќе ја заземе позицијата центарфор во Џирона, ексклузивно открива „Мундо Депортиво“.
Македонскиот играч, за кого имаше интерес и од Еспањол и Џенова, се реши за трансфер во клубот кој што лани беше вистински хит во Шпанија и обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Наводно, сите инволвирани страни постигнале начелен договор и Миовски не се двоумел да се приклучи на новиот проект на Џирона, предводен од Мичел.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.