ВИДЕО: Миовски ја продолжи серијата, даде нов гол за шкотски Абердин!

Македонскиот фудбалер Бојан Миовски игра одлично за Абердин, посебно на домашен терен, затоа што ја продолжи добрата голгетерска серија пред домашната публика во шкотската Премиер лига.

Славниот тим од кој потекнува Сер Алекс Фергусон на домашен терен на паузата има предност од 1-0 против Ливингстон, а погодокот го даде Бојан Миовски. Македонскиот напаѓач стрелаше во 41. минута од пенал.

  • Голот на Бојан Миовски за Абердин:

За 23-годишникот ова е петти гол во шестиот натпревар за Абердин. Интересно, Миовски даде гол на сите четири домашни средби на шкотскиот премиерлигаш сезонава, три во Премиер и еден во Лига Купот.