Миовски ја доби потребната работна дозвола и в недела ќе може да дебитира за Абердин

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во сезоната која што претстои ќе има нов предизвик и тоа далеку поголем од оноие во претходните. Младиот напаѓач летово реализира трансфер на Островот и го задолжи дресот на еден од најславните тимови во Шкотска, Абердин.

Соработката беше потврдена уште пред неколку седмици, но нашиот фудбалер поради работната дозвола за Велика Британија сè уште не му се ставил на располагање на новиот тим. Сепак, последните информаци од Шкотска велат дека Миовски ја доби посакуваната виза за влез во Британија и денес ќе отпатува за Шкотска и за новиот клуб ќе може да дебитира уште в недела на дуелот од Лига Купот против Рајт Роверс. Македонскиот напаѓач одржа неколку тренинзи со Абердин, на подготовките во Шпанија.

Во минатата сезона Миовски даде десет гола на 31 настапи за унгарскиот тим на МТК, а во јунскиот репрезентативен циклус ги постигна и првите два погодоци за репрезентацијата.