ВИДЕО: Миовски изнуди пенал, Џирона го совлада Леганес во меч со СЕДУМ гола

Екипата на Џирона извојува триумф над Леганес со 4-3 (2-2) во натпреварот од дванаесеттото коло во шпанската Примера. Нашиот Бојан Миовски беше во почетниот состав и изнуди пенал во 61. минута, по што веднаш беше заменет поради мала повреда. 

  • Џирона - Леганес 4-3: 

Домаќините поведоа со голот на Гутиерез во 21. минута, но Леганес бргу израмни преку Перуанецот Тапиа. Џирона ја врати предноста откако прецизно биеше Арнау Мартинез, а гостите повторно израмнија во 41. минута и на паузата заминаа со резултат 2-2. 

Бојан Миовски одигра солиден меч и постојано претставуваше закана за гостинската дефанзива, а сето тоа беше крунисано изнудениот пенал на работ од шеснаесетникот, откако противничкиот дефанзивец остро стартуваше на неговото стопало и беше заменет од тренерот Мичел. 

Во игра влезе ветеранот Кристијан Стуани и веднаш го реализираше ударот од белата точка, а потоа Џирона поведе и со 4-2 по автоголот на гостинскиот капитен Гонзалез. Леганес успеа уште еднаш да ја врати неизвесноста и намали на 4-3 во 77. минута преку Мунир Ел Хадади, но сепак не успеа да извлече бод на гостувањето во Каталонија.

Миовски доби оценка 7,5 и беше еден од најдобрите поединци на теренот, а за Џирона ова е четврта победа сезонава, со која стигна до вкуп но 15 бода на првенствената табела. 

  • Осасуна - Ваљадолид 1-0:

Будимир од пенал го постигна голот вреден три бода во победата на Осасуна против Ваљадолид (1-0). Со голот на Јон Гуриди, Алавес пред своите гледачи ја совлада Мајорка со 1-0 во натпреварот игран синоќа на „Мендизороза“.