• Сашо Поповски

Бојан Миовски ги постигна првите два гола во дресот на Абердин во шкотската Премиер лига.
Македонскиот напаѓач продолжи во одлична форма и со две реализации донесе висока предност на дуелот против Сент Мирен. Најпрво реализира пенал, а потоа од игра зголеми на 2-0.
Миовски учествуваше и во акцијата за третиот гол. По одбиената топка од неговиот удар, Кларксон погоди за висока позитива од три гола за домашниот тим.