• Сашо Поповски

Бојан Миовски продолжи да игра во добра форма и постигна два нови погодоци во дресот на Абердин на дуелот против Килмарнок. Штипјанецот постигна погодок од белата точка и снаодливо од петерецот на противничкиот тим. Така, поранешниот ас на Ренова и МТК продолжи онаму каде што застана пред репрезентативната пауза.
Македонскиот голгетер стигна до седум реализации во новата екипа. Претходно тресеше мрежи против Сент Мирен и Ливингстон по двапати и еднаш против Мадервел.
По денешната средба 23-годишникот јуриша кон врвот на листата на стрелците, а еден е од ретките кој им парира на голгетерите од двата гиганти од Глазгов.