ВИДЕО: Миовски игра „ѕверски“ во Шкотска, втор гол на Македонецот со Ливингстон!

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски игра во страшна форма во дресот на култниот шкотски тим. 

Младиот напаѓач на фантастичен начин одговара на пружената шанса во новиот клуб и на денешниот натпревар со Ливингстон по вторпат се запиша во листата на стрелците. Откако во првото полувреме погоди од пенал, во вториот дел мајсторски им побегна на гостинските дефанзивци и без проблеми ја смести топката во посакуваната цел.

За 23-годишникот ова е шести гол во шестиот натпревар за Абердин. Пет има во Премиер, со што е прв стрелец во лигата, а еден во Лига Купот на Шкотска.