Миовски го мачи ситна повреда, но е спремен за дербито со Глазгов

Распоредот во шкотскиот шампионат донесе два тешки дуели за Абердин за само три дена. Откако во текот на викендот поранешниот шкотски шампион се судри со Селтик и загуби минимално со 0-1, вечерва е на мегдан со Глазгов Ренџерс, во рамките од заостанатиот натпревар од седмото коло во Премиер лигата.

Абердин игра една од најдобрите сезони во последните години, па по 16 одиграни кола е во позитивен скор и е на третото место на табелата, а еден од најзаслужните за тоа е македонскиот напаѓач Бојан Миовски. 

23-годишниот голгетер игра во животна форма и со единаесет гола е на делба на првата позиција кај стрелците во Премиер лигата, но во последниот период го мачи ситна повреда. Поради истата беше заменет на средбата со Селтик, но според последните информации тој е целосно подготвен за вечерашниот предизвик со култниот тим од Глазгов.

Дали ќе биде во првиот состав на крај одлука ќе донесе Џим Гудвин, менаџерот на Абертон, кој при секој свој настап пред медиумите зборува со суперлативи за нашиот напаѓач.