• Горан Упале

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски предвреме го заврши натпреварот на својот Абердин против Сент Патрик.
Во 34. минута противничкиот играч Смол стартуваше крвнички врз нашиот најдобар напаѓач. Судијата по ВАР прегледите му покажа директен црвен картон, додека Миовски не можеше да го продолжи натпреварот и се упати кон клупата за резерви.
Foul on Miovski... pic.twitter.com/Qp2PwyJ7mL
— (@thesheep1903) May 24, 2023
Првичните информации од Шкотска не се охрабрувачки. Наводно, се работи за скинати лигаменти на глуждот, повреда која ќе го оддалечи од терените подолго време.