Миовски првпат тренираше со новите соиграчи: „Среќен сум и возбуден!“

Македонскиот репрезентативен напаѓач, Бојан Миовски, утрово пристигна во Шкотска и парафира соработка со Абердин. Премиерлигашот од оваа земја го доведе штипјанецот и му даде договор на четири сезони. 

Миовски веднаш по доаѓањето и потписот се упати на тренинг, се запозна со соиграчите и ги стартува подготовките за новата сезона во новиот клуб. Македонскиот напаѓач на социјалните мрежи сподели фотографии и видеа од денешниот ден, а упати и порака до фановите. 

„Многу сум среќен и возбуден што сум тука. Знам каде дојдов, ќе дадам сè од себе за да ги исполниме целите на Абердин“, напиша Миовски.м

Момчето кое преку штипска Брегалница, Работнички и Ренова дојде до прв интернационален предизвик и заигра за МТК Будимпешта, сега е пред нов предизвик. Во минатата сезона Миовски даде десет гола на 31 настапи за унгарскиот тим, а во јунскиот репрезентативен циклус ги постигна и првите два погодоци за репрезентацијата.