• Горан Упале
Бојан Миовски ги поминува најдобрите денови во својата кариера. Македонскиот напаѓач во саботата постигна спектакуларен погодок против Селтик, а вечерва негова жртва беше уште еден шкотски гигант.
Во самиот финиш од првото полувреме на „Ајброкс“ против Глазгов Ренџерс, Миовски повторно донесе радост за фановите на Абердин и го постигна својот тринаесетти овосезонски погодок во Премиер лигата. Нашиот ас по една долга топка прво му побегна на директниот чувар, а потоа одлично се загради и со прецизен удар ја погоди целта за 1-1.
- Голот на Миовски против Глазгов Ренџерс:
Миовски беше најзаслужен за големото реми на Абердин против Селтик, а својата врвна форма ја докажа и против Ренџерс.