• Саше Љолес
Фудбалерите на Глазгов Ренџерс се изборија за огромна пресврт-победа во 33. коло од шкотскиот Премиершип, славејќи со убедливи 3-6 (2-1) на гостувањето кај екипата на Фалкирк.
Еден од хероите на „полицајците“ беше нашиот Бојан Миовски, кој влезе на почетокот на второто полувреме и придонесе со два погодока во победата на неговиот тим. Гостите губеа со 2-0 по само 26 минути игра, но успеаја до паузата да намалат на 2-1 преку Точи Чуквуани.
На стартот од вториот дел, на теренот истрча и Миовски, кој ги разигра своите колеги, а потоа започна и пресвртот со кој Ренџерс дојдоа до важна победа. Најпрво на 2-2 израмни Португалецот Шермити, а првото водство за гостите го донесе Николас Раскин, кој биеше прецизно во 52. минута.
Следуваше првиот погодок на Миовски, кој пристигна шест минути подоцна, а потоа домаќините успеаја да намалат на 3-4 со голот на Калвин Милер од пенал. Сепак, Ренџерс не дозволија нови проблеми, па така тргнаа во голема офанзива која резултираше со уште два гоола во мрежата на Фалкирк.
Шермити го постигна својот втор гол во 75. минута, а печатот на триумфот го стави Бојан Миовски, кој ги постави конечните 3-6 во претпоследната минута од регуларното време.
Со овие два погодока, нашиот репрезентативен напаѓач дојде до бројката од седум гола во првенството, или вкупно 12 во сите конкуренции. Ренџерс остануваат во мртва трка за шампионската титула во Шкотска.




